Page 1 of 4

Г Р А Д С К О П Ј Е

Согласно Програмата за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни

инвертер клима уреди за затоплување за 2021 година („Службен гласник на Град Скопје“

бр.05/21), Градот Скопје објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди

за затоплување за 2021 година

1. Опис на Јавниот повик

1.1. Градот Скопје, со цел да ги стимулира жителите на град Скопје (домаќинствата) за

употреба на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување на своите домови,

кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината, на

жителите кои имаат купено високоефикасен инвертер клима уред во 2021 година ќе им ги

надомести трошоците направени при набавка на уредот не повеќе од 62.000,00 денари

во нето износ по домаќинство. Персоналниот данок ќе биде на товар на Град Скопје,

1.2. Јавниот повик ќе трае заклучно со 01 Ноември 2021 година или до исцрпување на

предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена, во

зависност од тоа кој услов ќе настапи прв.

1.3. Доколку бидат исцрпени сите предвидени финансиски средства од Буџетот на Град

Скопје за оваа намена, Градот Скопје ќе ја информира јавноста на својата веб страна

дека Јавниот повик е прекинат пред истекот на периодот за кој е објавен.

1.4. Јавниот повик ќе се реализира по редослед на аплицирање, односно по дата и време на

аплицирање и по испратена потврда за предадена печка.

2. Право на учество на Јавниот повик:

2.1 Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на градот Скопје (во општините:

Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров,

Бутел, Сарај) кои имаат купено високоефикасен инвертер клима уред за затоплување на

своето домаќинство во период од 01.01.2021 година се до завршување на Јавниот повик

и ќе поднесат барање за надоместување на трошоците.

2.2 На Јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен

објект со приклучок на градско централно греење без оглед на тоа дали го користат, кои

имаат техничка можност за приклучување кон системот за централно греење и жителите

(домаќинствата) кои имаат станбен објект во фаза на градба и не живеат во истиот.

2.3 На Јавниот повик имаат право на учество две или повеќе домаќинства кои живеат по

лична карта на иста адреса, исклучиво со приложен доказ дека станува збор за одвоени

домаќинства (сметки за различни броила за електрична енергија).

3. Услови што треба да ги исполни барателот:

3.1. Барателот треба да ги исполни следните услови:

- да има живеалиште на подрачјето на град Скопје (општините: Аеродром, Гази Баба,

Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел, Сарај),

- домаќинството да нема искористено субвенции за затоплување (печки на

пелети/инвертери) на своето домаќинство од Градот Скопје;

- да е корисник на печка/и на јаглен, дрва, нафта или мазут,

- да ја предаде постојната печка/и на јаглен, дрва, нафта или мазут на Град Скопје или

на службите на јавните претпријатија на Град Скопје. Барателите кои ги исполниле

условите, дополнително по електронски пат ќе бидат известени од страна на

комисијата за местото и времето за предавање на печките.

- набавениот уред да биде купен во 2021-та година се до завршување на Јавниот

повик, истиот да биде исплатен во целост и да биде инсталиран на адресата на

Page 2 of 4

живеење наведена во личната карта на барателот. Доколку уредот е купен на рати,

истиот да биде купен во 2021 година и ратите да бидат исплатени во целост до денот

на аплицирање;

- набавениот уред задолжително да ги има најмалку следните карактеристики: да има

најмалку COP 3.5, да грее на надворешна температура од -15°C и биде најмалку А+

енергетска класа за потрошувачка на електрична енергија за греење;

- станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее;

- да нема приклучок на градско централно греење во станбениот објект каде што ќе

биде инсталиран уредот, без оглед на тоа дали го користи, и

- да нема техничка можност за приклучок на системот за централно греење.

3.2. Само едно лице по домаќинство може да поднесе едно барање за добивање надоместок

при што барањето може да опфаќа еден или повеќе уреди, но барателот мора да ги

исполни условите од овој јавен повик за сите уреди, да предаде онолку печки колку што

ќе набави уреди и надоместокот на трошоците направени при набавката на сите уреди

нема да надмине повеќе од 62.000,00 денари во нето износ.

3.3. Повеќе домаќинства кои се водат на иста адреса задолжително да достават сметки од

различни броила за електрична енергија како доказ дека се посебни одвоени

домаќинства

3.4. Барателите кои имаат живеалиште во станбени објекти во реони каде има градско

централно греење задолжително да прибават и достават потврда дека не се приклучени

и немаат теничка можност за приклучување на истото (потврда од БЕГ – снабдување со

топлина, „Елем Енергетика“ или Топлана „Скопје Север“ – во зависност од реонот на

живеење)

4. Начин на пријавување на Јавниот повик

4.1. За надоместување на трошоците и докажување дека условите се исполнети, барателот

до Град Скопје треба електронски да поднесе:

- потпишано и скенирано барање за надоместок (Барањето може да се обезбеди од

интернет страницата на Град Скопје: www.skopje.gov.mk);

- скенирана од двете страни важечка лична карта, како доказ дека е жител на град

Скопје (не се признава пасош);

- фотографија од печката/ите на дрва, јаглен, нафта или мазут која ја користи;

- скенирана нотарски заверена изјава дека доброволно и без надомест ќе ја/ги предаде

постојната/ите печка/и на дрва, јаглен, нафта или мазут на Град Скопје или на

службите на јавните претпријатија на Град Скопје и дека нема искористено субвенции

за затоплување (печки на пелети/инвертери) на своето домаќинство од Градот Скопје

(пример на изјавата ќе биде објавен на интернет страницата на Градот Скопје:

www.skopje.gov.mk);

- скенирана оригинална потврда/ потврди, заверена/и со потпис и печат од продавачот,

дека набавениот/те инвертер клима уред/и е/се високоефикасен/ни т.е. ги исполнува/ат

следните минимални карактеристики: има најмалку COP 3.5, грее на надворешна

температура од -15°C и е најмалку А+ енергетска класа за потрошувачка на

електрична енергија за греење (пример на потврдата ќе биде објавен на интернет

страницата на Градот Скопје: www.skopje.gov.mk);

- скениран оригинален доказ дека е извршено купување во 2021 година и тоа со

скенирана фискална сметка или фактура со прилог извод од деловна банка за

извршена уплата во целост или фактура со прилог уплатница. За уредите купени во

2021 год., а кои се исплаќаат на рати заклучно до денот на аплицирање, скенирана

фактура со прилог целосна исплата на сите рати.

- скенирана трансакциска сметка исклучиво лична на барателот (не ополномоштена од

трето лице).

- Дополнителни документи:

Page 3 of 4

 за одделни домаќинства кои се на иста адреса на живеење - сметки од броила

за електрична енергија

 за барателите кои имаат живеалиште во реони каде има градско централно

греење - потврда дека не се приклучени на градско централно греење и немаат

техничка можност на приклучување на истото (потврда од БЕГ – снабдување

со топлина, „Елем Енергетика“ или Топлана „Скопје Север“ – во зависност од

реонот на живеење)

4.2. Барателот треба барањето и останатата документација да ги прикачи скенирани или

сликани на платформата за онлајн аплицирање објавена на интернет страната на Град

Скопје www.skopje.gov.mk или директно на линкот https://aplikacii.skopjelab.mk/inverteri/.

4.3. Пристигнатите барањата со пропратната документација на платформата за онлајн

аплицирање објавена на интернет страната на Град Скопје www.skopje.gov.mk ќе бидат

евидентирани со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради

воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

4.4. Во случај на неуредна (не читлива) документација, Комисијата го задржува правото да

побара дополна по електронски пат која барателот треба да ја достави во најкус рок од

денот на известување. Доколку дополната не е извршена, Комисијата ги отфрла

барањата како некомплетни.

5. Начин на спроведување на јавниот повик

5.1. Градоначалникот на Град Скопје формира Комисија за спроведување на Јавниот повик

која ќе ја спроведе постапката во три фази:

- во првата фаза ќе ги разгледува и ќе врши детален увид во пристигнатите барања и

документацијата поднесена во прилог, со цел утврдување дали истите се уредни и

комплетни и дали ги исполнуваат условите од точка 3 на овој Јавен повик.

- во втора фаза Комисијата барателите кои ги исполнуваат условите ќе ги известува по

електронски пат за местото и времето на предавање на печката/ите и

- во трета фаза Комисијата ќе врши преглед на потврдите за предадените печки и ќе ја

продолжи постапката за конечна реализација.

5.2. Комисијата го задржува правото да изврши теренски увид кај баратели кои имаат

доставено уредна и комплетна документација за да утврди дека ги исполниле условите

од овој Јавен повик. Барателот е должен да и овозможи пристап на Комисијата до

станбениот објект и просторијата во која е инсталиран набавениот високоефикасен

инвертер клима уред.

5.3. За пристигнатите и обработени барања од точка 5, потточка 5.1 алинеја 1, ќе се води

електронска листа со следните податоци:

- име, презиме и адреса;

- датум и час на пристигнатата пријава на Јавниот повик, и

- износ на надоместокот за барателот.

5.4. Исплатата на одобрените средства ќе се врши според редот на пристигнати барања

според дата и време на аплицирање и испратена потврда за предадена печка, по

претходно донесени решенија за усвојување на барањата од страна на градоначалникот

на Град Скопје, и

5.5. По завршување на целокупната постапка барателот треба да овозможи пристап на

Комисијата до домаќинството и просторијата во која е инсталиран уредот и во наредните

2 години,по завршување на Јавниот повик.

6. Начин на остварување на правото на надоместок

6.1 Градоначалникот на Град Скопје на предлог на Комисијата носи решение за усвојување

на барањето за барателите кои ги исполниле условите од овој Јавен повик, а во случај

Page 4 of 4

на неусвојување на барањето на предлог на Комисијата, Градоначалникот на Град Скопје

дава писмено известување за неусвојувањето.

Бр._________________

______________ година

С К О П Ј Е